Шест пожари вчера на територијата на кумановско

Сподели со своите пријатели

Шест интервенции имале вчера кумановските пожарникари на различни локации низ градот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во атарот на селото Четирце горела сува трева. Интервенирале двајца пожарникари во период од 13:30 до 14:25 часот.

На улицата „Сава Ковачевиќ“ горел автомобил. Во период од 13:45 до 13:55 часот интервенирале тројца пожарникари.

Вчера горел и запален смет на депонијата Краста во селото Пчиња при што интервенирале дури седум пожарникари со три противпожарни возила во период од 13:00 до 20:10 часот.

Стрниште горело во селото Тромеѓа во период од 20:10 до 21:55 часот, а во сличен период и во Ново Село. И на двете локации паралелно интервенирале по двајца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цариниците на Табановце заплениле 20.000 евра и стотици парчиња спортска опрема

На улицата „Народна револуција“, пожарникарите бележат техничка интервенција во текот на ноќта на електричен кабел.

Никола Ивановски