Шест пожари изминатото деноноќие низ кумановско

Loading...
Сподели со своите пријатели

Шест интервенции во текот на изминатото деноноќие белжат пожарникарите во Куманово и една пожарникарите во Старо Нагоричане.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 14:10 до 15:30 часоот вчера, било интервенирано на запалена сува трева кај гробиштата во село Никуштак. Огнот го гаснеле петмина пожарникари со две противпожарни возила.

Во атарот на селото Ропаљце било залажено жито. Таму интервенирале тројца пожарникари во период од 15:25 до 16:30 часот.

Вчера повторно бил опожарен и отпадот „Манта“ кој гореше минатата недела, овој пат таму горел смет. Петмина пожарникари интервенирале во период од 18:45 до 19:40 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите ќе одат и до 38 степени!

Во населбата Средорек бил опожарен смет. Тројца пожарникари интервенирале во период од 19:07 до 19:34 часот.

Во атарот на село Студена бара горела сува трева. Таму вчера во период од 19:00 до 21:00 часот интервенирале тројца пожарникари.

Последната интервенција за вчера кумановските пожарникари повторно ја имале во населбата Средорек аде гореле ѓубре и сува трева. Интервенцијата траела во период од 22:30 до 22:50 часот.

Во селото Клечовце интервенција имале пожарникарите на Старо Нагоричане. Таму изгорела површина од околу три хектари, ниви засадени со жито. На терен интервенирале двајца пожарникари петмина вработени во ресторан во чија близина избувнал пожарот. Интервенцијата траела од 18:20 до 20:45 часот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец поради поседување наркотици

Никола Ивановски