Шест најчести „виновници“ за лошиот здив

Сподели со своите пријатели

Вообичаени причинители на лошиот здив се пушењето, одредени намирници и алкохолот. Меѓутоа, кај некои луѓе здивот не е пријатен ни по миењето на забите. Ова се најчестите причини за појава на проблемот за кој ретко се зборува.

Дишете на уста

Дишењето на уста предизвикува испарување на плунката, што ја суши усната шуплина и го оневозможува миењето на микроорганизмите и честичките храна помеѓу забите. Дишењето на уста вообичаено се јавува за време на прелади и алергии, како и кај оние кои спијат со отворени уста. Лекарие препорачуваат да го имате тоа в предвид и самите себе да си обезбедит еподобра хидратација.

Ги избегнувате оброците

Кога ги прескокнувате оброците, телото не произведува доволно плунка и честичките храна кои сте ги јаделе остануваат во усната шуплина и предизвикуваат лош здив.

Користење одредени видови лекови

Некои видови лекови, како антихистаминици, диуретици, антипсихотици и лекови за опуштање на мускулите поради своите својства можат да предизвикаат сушење на устата. Во тој случај не се произведува доволно плунка, а со тоа настануваат и бактериите. Со оглед дека во поголемиот дел од случаите не смеете да ја прекинувате терапијата, обидете се темелно да го чистите јазикот по секој оброк.

Имате кариес

Со појавата на кариес можат да настанати и шуплини во кои се собираат остатоци од храна. Тие честици се тешко достапни и рпедизвикуваат лош здив.

Имате зголемен шеќер

Ако боледувате од дијабетес тип 1, вашиот здив може да каже многу за вашата состојба. Доколку забележите дека вашито здив има слаткав мирис, постои можност дека сте во дијабетична кетоацидоза, многу опасна за заболените од дијабетес, која може да предизвика срцев удар или откажување на бубрезите. Останатите симптоми се зачестено мокрење, мачнина и вкоченост на мускулите. Ако ова ви се счувува, а немате поставена дијагноза на дијабетес, задолжително посетете лекар.

Боледувате од Сјогренов синдром

Сјогреновиот синдром е пореметување на имунолошкиот систем, а се јавува главно кај жени во средни години и лица со други автоимуни болести како лупус и артритис. Заболените од овој синдром често имаат суви уста, поради што и лош здив.

 

Loading...