Шест мртви во голем пожар во Москва (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во пожарот, кој избувна вчера во магацин во центарот на Москва, се искачи на шест, пренесува ТАСС, повикувајќи се на итната помош.

Loading...

Како што соопшти претходно портпаролот на локалната служба за вонредни состојби, пожарот што околу 15 часот избувна во цветен магацин на плоштадот Комсомолски во центарот на Москва е локализиран.

Седум лица се евакуирани од објектот.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека во гаснењето на пожарот учествувале 42 возила и 121 пожарникар, како и едно противпожарно возило.

Во соопштението се додава дека во воздухот не се пронајдени опасни материи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот