Шест милиони луѓе умреле ширум светот од почетокот на пандемијата

Сподели со своите пријатели

Шест милиони луѓе починаа во светот како последица на ковид-19 од почетокот на избувнувањето на пандемијата, која влезе во третата година, покажуваат денешните податоци на веб-страницата „ворлдометар“.

Loading...

Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, од корона вирусот починале вкупно 5.999.158, а според експертите, на епидемијата не и се гледа крај.

Оддалечените пацифички острови, кои ја издржаа заразата две години, сега се борат со првите случаи на инфекција и смрт предизвикани од позаразниот вид омикрон.

Хонг Конг, каде што бројот на загинати расте, овој месец три пати го тестира целото население од 7,5 милиони, следејќи ја кинеската стратегија „нулта ковид“.

Додека бројот на смртни случаи од вирусот и понатаму е висок во Полска, Унгарија, Романија и другите источноевропски земји, повеќе од еден милион бегалци од воено разурната Украина пристигнаа во регионот, земја со мал процент на вакцинирани и висока стапка на зараза и смртност.

А САД, каде што имаголем процент вакцинирани, се приближуваат до милион регистрирани смртни случаи, според денешните податоци ги има вкупно 984.000.

Втор е Бразил со 652.000 починати, трета е Индија со 515.000, Русија со 356.000 е четврта земја во светот по број на починати.