Шест месеци по банкротот Џејми Оливер отвора нов ресторан

Сподели со своите пријатели

Познатата готвачка и телевизиска ѕвезда Џејми Оливер планира да отвори нови ресторани низ целиот свет, само шест месеци откако беше принуден да ги затвори повеќето претпријатија во Велика Британија, поради лошите деловни перформанси.

Loading...

Групацијата Џејми Оливер ги објави плановите за отворање на 21 нов ресторани до крајот на 2020 година. Најмалку два ќе бидат од новиот тип за „опуштен ручек“ и ќе го носат името „Џејми Оливер Кичен“.

Претходно годинава, компанијата беше принудена да ги затвори повеќето ресторани во Велика Британија, оставајќи 1.000 работници без работа.

Оливер тогаш рече дека крајно жали за сè што се случило.

Сепак, иако британскиот дел од групата не успеа, меѓународниот бизнис продолжи. Севкупно, во рамките на групацијата работат 70 ресторани во 27 земји, од кои сите работат како франшизи.

Првите два нови ресторани ќе бидат отворени во Бали и Бангкок до крајот на ноември.

Деветнаесет нови ресторани ќе бидат отворени следната година под различни брендови, вклучувајќи ги „Џејми италијан“, „Џејми Оливер пицерија“, „Џејми дели“ и „Џејми Оливер Дајнер“.

Leave a Reply