Шест литри дожд во кумановско, следува пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во централните и источните делови. Понекаде дува слаб ветер од променлив правец. Магла има во Скопско, a во Тетовско од преку ноќта има врнежи од слаб снег од кои се формира покривка со дебелина од 6 сантиметри.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе имаме променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почести до претпладневните часови и на истокот. На планините ќе има повремен снег. Попладне ќе има и краткотрајно услови за појава на ретки грмежи, особено на југоисток. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне слаб до умерен од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Во кумановско во изминатите 24 часа, до 7 часот утринава наврнале шест литри дожд на метар квадратен. Во текот на денот не очекува претежно облачно време. Интезнивни врнежи од дожд имаше во утринските часови, а во текот на денот ќе има благо намалување. Попладне се очекуваат слаби грмежи. Максималната дневна температура ќе изнесува 9 степени целзиусови. Во текот на ноќта облачноста ќе се намалува, а со тоа и врнежите.

Од денес попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Утре ќе има почести сончеви периоди и претежно на југот од земјата. Температурата ќе биде во опаѓање, но утринските температури ќе останат околу нулата. На крајот на работната недела ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег претежно на југозапад. За време на викендот малку постудено, а изгледи за повеќе сонце ќе има во недела.