Шест литри дожд на метар квадратен во текот на изминатото деноноќие наврнале во Куманово, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
Денеска на места врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 ) особено во источните делови, проследени со грмежи и засилен ветер, а можна е и изолирана појава на град.
Утре ќе се задржи променливо облачно време, а во четврток ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи.
Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.