Шест лица се заробени во рудник по земјотрес предизвикан од рударски ископ во североисточната кинеска провинција Хејлонгѓанг.
Инцидентот се случил утрово во 1:44 часот по локално време во рудникот за јаглен Фули во градот Хеганг.
Земјотресот предизвикал значителна штета на делови од подземните тунели, јавува Синхуа.
Двајца рудари биле спасени и однесени во болница на лекување, а немало извештаи за повреди опасни по живот, соопшти агенцијата.
Во тек се спасувачки операции за пронаоѓање на преостанатите шест заробени лица.