Шест лица се повредени, од кои двајца потешко, во експлозија во фабрика за експлозиви Рајнметал во Мурсија во југоисточна Шпанија, јавија шпанските медиуми.
Loading...
Сите повредени се вработени во фабриката, а петмина од нив се пренесени во болници откако се здобиле со изгореници од различен степен, објави Ел Паис.
Таа фабрика произведува муниција и експлозиви.
Отворена е истрага за експлозијата, а се сомнева дека експлозијата се случила во еден од складиштата за барут.
Експлозијата предизвика и пожар во близина на магацинот, при што изгореа околу 3.000 метри квадратни четкар и грмушки.
Пожарот е изгаснат.
Фабриката во Мурсија ѝ припаѓа на германската индустриска групација Рајнметал, пренесува Танјуг.