Шест клучни прашања за упадот на руски дронови во Полска. Четвртото е особено загрижувачко!

Сподели со своите пријатели

Испраќањето руски дронови над Полска ја означи ескалацијата на непријателствата кон Европа. Но, што всушност сакал да постигне рускиот претседател Владимир Путин и како ќе реагира НАТО?

Имено, инцидентот покренува многу прашања за Русија, Полска и НАТО, од тоа дали Кремљ намерно испратил беспилотни летала во Полска, до тоа дали Варшава и Алијансата доволно ги прилагодиле своите одбранбени системи на реалноста на современото војување со беспилотни летала, пишува Политико.

Што се случило над источна Полска?

Премиерот Доналд Туск тврди дека полскиот воздушен простор е нарушен 19 пати.

Полските борбени авиони Ф-16, холандските Ф-35 и други авиони одговориле и собориле најмалку четири беспилотни летала.

Нивните остатоци биле пронајдени низ цела источна Полска, а едно погодило куќа. Никој не бил повреден. Варшава јасно го впери прстот кон Москва.

„Нема сомнение за агресивните намери на Русија“, рече Туск, повикувајќи на активирање на Член 4 од НАТО алијансата.

Случајност?

Полска и другите земји-членки на НАТО на границата, како што е Романија, претходно имаа изолирани инциденти со руски беспилотни летала откако започна инвазијата на Украина.

Но, ова е прв пат толку голем број беспилотни летала да бидат снимени над сојузник и прв пат руски беспилотни летала да бидат соборени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски државјанин уапсен на Крим поради шпионажа за Украина

„Проценката на полските и воздушните сили на НАТО е дека беспилотните летала не отстапиле од својот курс, туку биле намерно насочени“, рече полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Неговиот став беше потврден и од други.

„Нема причина да се сомневаме дека станува збор за грешка во навигацијата“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Експерт од Универзитетот во Осло, Фабијан Хофман, оцени дека траекториите на беспилотните летала покажуваат намерно дејствување од страна на Москва.

Но, британскиот министер за одбрана Џон Хили предупреди дека имало спротивставени извештаи и нема дефинитивна проценка на мотивите.

„Каква и да била намерата, нападите биле опасни, неодговорни и го нарушиле суверенитетот на Полска и НАТО.“

Истражувачот на дронови од Кингс колеџ во Лондон, Закари Каленборн, рече дека досега има претпазливост во реакциите.

„Гледаме силни зборови, но и двоумење во изборот на одговор.“

Што велат во Кремљ?

Москва прва реагираше обвинувајќи ја Украина.

„Знаеме едно, тие дронови дојдоа од страната на Украина… Нема докази дека се од руско потекло“, рече Андреј Ордаш, рускиот вршител на должноста во Варшава.

Портпаролот Дмитриј Песков рече дека Кремљ не сака да коментира, додавајќи дека ЕУ и НАТО ја обвинуваат Русија секојдневно, без аргументи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц: Кремљ намерно го нападна НАТО

Руското Министерство за одбрана подоцна објави дека нападнало воени цели во западна Украина, а не во Полска, и дека дроновите имале дострел до 700 км, што сугерира дека не можеле да стигнат до Полска од Русија. Сепак, додадоа дека се подготвени за консултации со Полска.

Дел од рускиот план?

И покрај неуспешните обиди на Доналд Трамп да му се закани на Путин и да ја запре војната, Русија ја засили својата агресија во последните недели.

Таа ги започна најголемите напади врз украинските градови досега, испукувајќи повеќе од 800 беспилотни летала и ракети, при што еден ја погоди главната владина зграда во Киев.

Беше погодена и американска фабрика во западна Украина, како и мисијата на ЕУ и Британскиот совет во август.

„Ова е порака од Москва дека не е заинтересирана за мир“, рече економистот Тимоти Еш.

Поранешниот командант на американската армија во Европа, генерал Бен Хоџис, наведува дека инцидентот бил намерен и ја покажува склоноста на Путин кон ризик, потсетувајќи дека во Полска има околу 8.000 американски војници.

Хофман додаде дека ова однесување ја одразува слабоста на Европа.

„Русија нема почит кон Европа, а реалноста е дека економската состојба е многу лоша. Затоа избира ескалација, гледа можност.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер: Упадот на руски беспилотни летала во Полска е исклучително загрижувачки

Што кажува ова за воената подготвеност на Полска и НАТО?

Иако Полска и нејзините сојузници открија и соборија некои од беспилотните летала, инцидентот ги покажа неговите недостатоци.

„Ова не е нешто за што се користат Ф-16 или Ф-35“, објасни Хоџис.

Професорот по стратешки студии Филипс О’Брајан оцени дека НАТО сè уште не е подготвен за руската закана по три години војна.

„Нападот од синоќа беше еден вид проба и покажа дека Алијансата не била сериозно подготвена.“

Украина, која се соочува со секојдневни напади, реагира побрзо и поевтино. За една ноќ, пресретна 386 од 415 беспилотни летала и 27 од 43 ракети.

Како може НАТО да одговори?

Алијансата е свесна дека мора да ја зајакне својата противвоздушна одбрана. Поранешната портпаролка на НАТО, Оана Лунгеску, потсети дека генералниот секретар Марк Руте повика на петкратно зголемување на капацитетот.

Хоџис предложи голема мултинационална вежба за воздушна одбрана, промена на правилата за воздушни патроли над Балтичкото и Црното Море за да можат да соборуваат руски беспилотни летала и воведување зона на забрането летање над западна Украина.

„Сепак, нема руски авиони над Украина, па затоа тоа не би било ескалација“, истакна тој.