Во бомбардирањето на селата Сартана и Бугас загинаа Грци, а меѓу ранетите има и едно дете, соопшти грчкото МНР.
„Смртта на нашите граѓани предизвикува болка и гнев поради овој неприфатлив руски напад врз цивили“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Трет ден по ред руските сили ги преплавија украинските градови и села со артилерија и крстаречки ракети.
Главниот град Киев и другите поголеми градови, сепак, остануваат цврсто во рацете на Украина.

