Loading...
Шест цивили се повредени во напад на украинските вооружени сили врз рускиот град Шебекино, објави гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.
„Во градот Шебекино, дрон удри во компанија. Шест цивили се повредени. Еден маж и две жени се повредени од мини и шрапнели, а уште три жени претрпеле баротраума“, напиша Гладков на Телеграм.
Повредените се однесени во болница каде што добиле медицинска помош, пренесува РИА Новости.
Шебекино е град во рускиот Белгородски регион и се граничи со Харковскиот регион во Украина, пренесува Тањуг.