Шеснаесет лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во градот Панжу во јужната кинеска провинција Гуижоу во неделата, изјави сопственикот на рудникот, Guizhou Panjiang Rafined Coal Co, во поднесување до берзата во Шангај во понеделникот, пренесе Ројтерс.
Сите рудници за јаглен во градот Панжу го прекинаа производството на еден ден, според шангајската консултантска компанија Mysteel.
Управата за безбедност на рудникот Гуижоу изјави за Ројтерс дека нема информации за ситуацијата.
Областа има вкупен производствен капацитет од околу 52,5 милиони метрички тони годишно главно јаглен за коксирање, што претставува околу пет проценти од капацитетот за производство на коксен јаглен во Кина, според Mysteel.
Државната компанија, исто така наречена Panjiang Coal, нареди безбедносни инспекции во сите свои рудници и презеде мерки за да обезбеди безбедно производство, се додава во документот.