Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, овој викенд го заврши првото официјално патување низ Африка и тоа без сопругот Доланд Трамп.
За време на посетата на црниот континент, Меланија ги посети Гана, Малави, Кенија и Египет, а нејзиното патување многумина го видоа како начин да се ублажи серијата негативни коментари и лапсуси кои американскиот претседател ги направи во врска со африканските земји, меѓу другото и наведувањето на непостоечката африканска земја Намибија во пресметката со африканските амбасадори.

Првата дама на Америка, при престојот во Африка говореше за правата на децата, образованието, туризмот и зачувувањето на природата.
При престојот во Најроби, Меланија посети сиротиште, а потоа била во национален парк, каде со мобилен телефон фотографирала животни, посетила и место на кое биле запалени 105 коски од слонови, како дел од напорите да се стави крај на тој вид илегална трговија.


