Њујоршката полиција трага по маж, кој без никаква причина, од февруари до денес наводно веќе 40 пати ги активирал безбедносните сопирачки на подземната железница.
Loading...
Полицијата во четврток објавила фотографии и видео снимки од маж за кој велат дека неколку станици се возел на надворешниот дел од возот пред да влезе во него и да ги повлече сопирачките предивдени за итни случаи, пренесува АП.
Забележани се 40 слични инциденти од февруари, а кои биле зачестени во април и мај.
Полицијата се сомнева дека „Шегобиецот“ користи клуч за да влезе во празниот вагон на машиновозачот, во кој се наоѓа безбедносната сопирачка.