Шефовите на светските држави оддадоа почит и се помолија пред ковчегот на папата Франциск

Сподели со своите пријатели

Неколку шефови на држави му оддадоа почит на папата Франциск и се помолија во тишина пред неговиот ковчег во базиликата „Свети Петар“ во Рим, пред ковчегот да биде однесен на плоштадот „Свети Петар“ за погребот, јавува Анса.

Loading...

Ова го направија претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и првата дама на САД Меланија Трамп, претседателот на Италија Серџо Матарела во придружба на неговата ќерка Лаура, како и неколку други шефови на држави.

Британскиот премиер Кир Стармер, принцот од Велс, како и францускиот претседател Емануел Макрон се меѓу светските лидери на кои им беше дозволено накратко да застанат пред ковчегот на папата пред почетокот на погребната церемонија, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нереална фотографија од Трамп и Зеленски од базиликата „Свети Петар“ каде имаа средба