Министрите за надворешни работи на Летонија и на Естонија, Едгарс Ринкевичс и Ева Марија Лијметс, кои од средата навечер се во Киев, денеска по копнен пат ќе ја напуштат украинската престолнина.
Ова за Ројтерс го потврдија портпаролите на министерствата за надворешни работи на двете земји.
Министрите дојдоа во Украина да дадат поддршка, за време на посетата што требаше да трае до петок.
Нивниот литвански колега Габриелиус Ландсбергис планираше да им се придружи денеска, но го откажа неговото пристигнување откако воздушниот простор над Украина беше затворен поради започнувањето на руската воена операција врз таа земја, изјави неговиот портпарол за новинската агенција БНС, пренесе Ројтерс.

