Претседателот на руската државна дума Вјачеслав Володин изјави дека претседателот на Украина Владимир Зеленски набрзина го напуштил Киев и се преселил во Лавов.
Како што прецизираше, украинскиот претседател вчера не бил во Киев.
Според Володин, снимките што Зеленски ги објавува на социјалните мрежи биле однапред снимени.
Како што рече, таа информација дошла од пратениците на Врховната рада кои вчера се обиделе да се сретнат со Зеленски во Киев. Тие беа поканети на состанок во Лавов.

