Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска даде изјава за медиумите во пресрет на важната средба на лидерите на НАТО во Брисел.
Тој рече дека членките на НАТО и дале поддршка на Украина за да и помогнат на нејзиното „фундаментално право на одбрана“, но повтори дека главната задача на НАТО е да ги брани и заштити другите членки на НАТО.
Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови
Бидејќи Украина не е членка на НАТО, воената алијанса не испраќа војници во земјата, туку го зголемува своето воено присуство во соседните земји.
Столтенберг рече дека лидерите на членките на НАТО денеска ќе разговараат за „ресетирање на одбраната и одвраќањето на долг рок“.
„Првиот чекор е да се формираат четири нови борбени групи во источниот дел на Алијансата, имено во Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка“, додаде тој.
Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови
„Ова е најсериозната криза на генерацијата“
Столтенберг ја опиша војната во Украина како „најсериозна безбедносна криза на оваа генерација“.
Тој потврди дека украинскиот претседател Зеленски денеска ќе им се обрати на лидерите на НАТО.
„Сојузниците треба да направат повеќе“, рече Столтенберг, додавајќи дека очекува „лидерите на НАТО да се согласат да ги зголемат инвестициите во одбраната“.
Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови
„Денешниот состанок ќе ја покаже важноста на заедничката акција на Северна Америка и Европа во светлината на оваа криза.