Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека воената алијанса испраќа дополнителни единици во Источна Европа и дека ќе продолжи да испраќа оружје во Украина, вклучително и оружје за противвоздушна одбрана.
Столтенберг рече и дека Русија се обидува да ја собори украинската влада.
Гледаме реторика, пораки кои покажуваат дека вистинската цел е да се отстрани демократски избраната влада во Киев“, рече лидерот на НАТО на прес-конференција.
Столтенберг рече и дека некои од 30-те земји членки објавиле какво оружје ќе и достават на Украина.
„Сојузниците имаат намера да продолжат да даваат поддршка“, рече тој, додавајќи дека НАТО распоредува елементи од своите копнени, воздушни, поморски и специјални сили на сојузничката територија.
„Ова е првпат да распоредуваме сили на НАТО во контекст на колективната одбрана“, рече тој.