Шефот на Епл: „Не сакаме луѓето премногу да ги користат нашите телефони“

Сподели со своите пријатели

Во модерниот, зафатен и дигитален свет во кој живееме, екраните се неизбежни и буквално насекаде околу нас.

Loading...

Од паметни часовници на нашите зглобови до телефони, таблети, монитори и телевизори.

Наскоро овие екрани би можеле да ни бидат уште поблиску со развојот на паметните очила и уредите AR/VR, што значи дека постојано ќе го носиме екранот на себе, а ќе го симнуваме само кога спиеме.

Бројни претходни студии покажаа колку екраните или нивната прекумерна употреба може да бидат опасни. Посебно за младите.

Првиот човек на Apple, Тим Кук, смета дека треба добро да размислиме за начинот на кој ги користиме гаџетите и времето кое го поминуваме со екраните.

Иако може да се смета за иронично, бидејќи токму на зависноста од луѓето, односно потребата од екрани, Епл остварува неверојатни приходи и профити, а вредноста на компанијата е повеќе од 2,6 милијарди долари, Кук вели дека не сака децата да бидат залепени за производите на неговата компанија.

Денешните деца се родени во дигиталната ера и, како што објасни Кук во едно интервју, тие сега се дигитални, но многу е важно да се постават граници околу нивното однесување во дигиталниот свет.

Тој смета дека употребата на технологијата во училниците треба да биде ограничена и не сака неговиот внук (Кук нема деца) да поминува премногу време на социјалните мрежи.

Loading...

Не сакаме луѓето премногу да ги користат нашите телефони.

Не сакаме да го видиме тоа, ја коментираше Кук зависноста од телефони и вели дека развиле алатки кои треба да ги спречат луѓето да поминуваат толку време фокусирани на екраните.

Фокусот на Епл е на развој на производи кои ги поттикнуваат луѓето да учат и да создаваат работи што инаку не би ги направиле, вели Кук.

Тој откри и како често ја користи опцијата Screen Time на својот iPhone за да го ограничи времето што го поминува со екраните.

– Мојата филозофија е дека ако поминувате повеќе време гледајќи во телефонот отколку во нечии очи, правите погрешна работа, вели тој.

Наместо да гледа екрани, Кук сака слободното време да го поминува во природа.

Тој е љубител на велосипедизам и планинарење и верува дека најдоброто нешто што можете да направите е да го поминувате времето, наместо со екрани, во природа.

Кук во разговорот се осврна и на VR/AR очилата за кои претходно мислеше дека немаат иднина, но изгледа дека го променил размислувањето.

Loading...

Познато е дека Apple со години развива ваков уред, а се чини дека нè делат месеци од неговото претставување.

И покрај тоа што Кук е противник на прекумерната употреба на екрани, тој верува дека очилата со поддршка за зголемена и виртуелна реалност би можеле да ја подобрат комуникацијата и врската меѓу луѓето и би биле корисни во корпоративна средина.