Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска пристигна во главниот град на Ерменија, Ереван, а беше примен од премиерот на таа земја, Никол Пашинјан.
Според прес-службата на ерменската влада, Барнс и Пашинјан „разговарале за прашањата за меѓународната и регионалната безбедност, борбата против тероризмот“, како и за процесите што се случуваат во регионот на Јужен Кавказ.
Ова е прва посета на директорот на ЦИА на Ерменија, објави ерменското радио Азатутјун.
Ерменските медиуми јавуваат дека Барнс се сретнал со секретарот на Советот за безбедност на Ерменија, Армен Григоријан, со кого разговарал за прашањата поврзани со натамошниот развој на билатералните односи меѓу Ерменија и САД.