Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Бил Барнс беше во ненајавена посета на Саудиска Арабија, изразувајќи ја фрустрацијата на Вашингтон поради неодамнешното зближување на Ријад со Иран, јавува Анадолија.
Барнс му рекол на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман дека САД се шокирани од зближувањето на Ријад со Иран и Сирија, светските ривали на Вашингтон, според извештајот на Волстрит журнал.
Повикувајќи се на неименувани извори, WSJ наведува дека Бернс разговарал за разузнавачка соработка и борбата против тероризмот со саудиските власти.
Ги прекинаа односите во 2016 година
Минатиот месец, Пекинг беше домаќин на претставници од долгогодишните регионални ривали Ријад и Техеран, каде што се согласија да ги обноват дипломатските односи.
Иран и Саудиска Арабија ги прекинаа односите во 2016 година по насилните протести пред саудиската амбасада во Техеран и егзекуцијата на шиитски свештеник во Саудиска Арабија.
Министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Иран се состанаа во четвртокот во Кина, што е нивна прва средба по повеќе од седум години.