Шефот на британските вооружени сили рече дека Русија веќе стратешки ја загубила војната во Украина и дека нејзината воена сила сега е намалена.
Адмиралот сер Тони Радакин рече дека Русија трпи големи загуби, останува без војници и напредни проектили и дека никогаш нема да може да ја преземе цела Украина.
„Ова е ужасна грешка на Русија. Русија никогаш нема да ја преземе контролата врз Украина“, изјави Тони Радакин за PA Media.
Највисокиот британски воен офицер изјави дека рускиот претседател Владимир Путин изгубил 25 отсто од својата копнена моќ само поради неговите мали придобивки досега и дека ќе има се помалку моќ додека НАТО се зајакнува.
„Русија веќе загуби стратешки. НАТО е посилен, Финска и Шведска сакаат да се приклучат. Во исто време Русија е многу ранлива, досега имаат 50.000 мртви или повредени. Русија пропаѓа“, рече тој.