Шефицата на AfD: Украина мора да плати за саботажата на Северен тек

Сподели со своите пријатели

Потпретседателката на партијата Алтернатива за Германија (AfD), Алиса Вајдел, изјави дека Германија, во случај таа партија да дојде на власт, ќе бара Украина да ја надомести штетата предизвикана од саботажата на гасоводот Северен тек, предупредувајќи на сериозните последици што прекинот на снабдувањето со гас ги имаше врз германската економија.

„Недостатокот на евтин природен гас е штетен не само за Германија, туку и за цела Европа, но најмногу влијае на Германија“, рече Вајдел на партиски митинг во југозападната федерална покраина Баден-Виртемберг.

Таа остро ја критикуваше германската влада за, како што тврди, недостатокот на решителна реакција и барање за меѓународна истрага.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозии ја осветлија ноќта: Украински дронови удрија длабоко на руска територија (ВИДЕО)

„Како е можно германската влада да има толку малку самопочит што дури и не бара истрага? Можам да кажам што ќе правиме кога ќе дојдеме на власт. Ќе бараме надомест. Украинците, Володимир Зеленски, едноставно мора да платат за дигањето во воздух на нашиот гасовод“, нагласи Вајдел.

Таа додаде дека земја која, според неа, се однесува на таков начин не може да се смета за пријател на Германија, потсетувајќи дека Берлин издвоил повеќе од 70 милијарди евра помош за Украина.

„Ние им испративме оружје. Канцеларот Фридрих Мерц вети дека ќе испрати германски војници. Како може да биде толку рамнодушен кон историјата? И, патем, да испрати германски тенкови против Русија“, рече Вајдел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ усвои регулатива за укинување на увозот на руски гас

Германското списание „Шпигел“ објави дека Сојузниот Врховен суд на Германија смета дека е „многу веројатно“ експлозиите на гасоводот да се извршени „по налог на странска држава“.

Во одлуката од 10 декември, на која се повикува списанието, Украина е наведена како можен организатор на саботажата.

До тој заклучок е донесен за време на жалбената постапка на одбраната на украинскиот државјанин Сергеј К., осомничен за учество во нападите.

Тој моментално е во притвор во Германија, откако беше уапсен во Италија минатата година.

Саботажата се случи на 26 септември 2022 година и предизвика голема штета на три цевки од гасоводот „Северен тек“, како и на гасоводот „Северен тек 2“, кој никогаш не беше пуштен во употреба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Путин редовно добива извештаи за мировните преговори за Украина

Руското државно обвинителство започна истрага и го квалификуваше случајот како чин на меѓународен тероризам.