ШЕФ ОД ПЕКОЛОТ: Ги натерал работниците да трчаат полуголи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Граѓани на кинескиот град Јиангмен присуствувале на бизарна сцена кога околу 30 полуголи мажи, вработени во одделение за продажба на една кинеска теретана, трчале голи. Тие биле казнети затоа што не ја реализирале остварената заработка.

– Со задоволство ја прифаќам оваа казна која ми ја наметна фирмата за која работам, рекол еден од мажите.

– Женскиот персонал од теретаната не беше присилен на ова. Тие мораа да прават склекови. Мислам дека тоа е добар предизвик за нас, сметаат дел од нив.

Но, не се сложуваат со оваа пракса. Особено не некои од поранешните вработени. Еден од нив рекол декашефовите му крателе од платата доколку не ги остварувал целите, како и кога би задоцнел на работа.

https://youtu.be/XN7MJjEnxZU

Според членот 88. од кинескиот Закон за работа, работодавачите не смеат да се служат со такви мерки. Но, изгледа дека тоа не ги спречува во јавното понижување на работниците кои одат од ползење по улиците до јадење црви.

Последниот пример е забележан во 2016 година, кога работодавачот Ханџонга ги присилил вработените да јадат живи црви откако не ги оствариле зацртаните цели.

Истата година работодавач на вработен во банка го изнел на сцена и го удирал по задникот.

Leave a Reply