Шарл Мишел се грижи за климатските промени, но сака да лета со приватен авион

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, придружуван од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со приватен авион отпатува на ноемвриската конференција на ОН за климатските промени во египетскиот Шарм ел Шеик и на тој начин ја оптоварува животната средина со 20 тони штетен јаглерод диоксид.

Loading...

Мишел минатата година користел приватен авион за 28 од 46 патувања, а само на три патувал со воз, што најмногу ја штити животната средина, пишува Брисел Политико.

Од почетокот на својот мандат во 2019 година до декември 2022 година, претседателот на Европскиот совет користел комерцијални летови само на 18 од вкупно 112 службени патувања.

Податоците за летот се добиени според Законот за слобода на информации.

Поради напорните распореди за патување и примамливата опција за приватни летови, кои понекогаш се неопходно зло, глобалните лидери сметаат дека е тешко да ги балансираат разговорите за заштита на животната средина и емисиите со сопствениот начин на живот.

Мишел на конференција во Египет рече дека „пиштолот на климатските промени е вперен во нашата глава“, наведува Политико, но за време на летот за Шарм Ел Шеик, неговиот авион испуштил околу 20 тони јаглерод диоксид, што придонесува за затоплување на планета.

Просечниот жител на ЕУ со својот начин на живот придонесува за емисиите на седум тони јаглерод диоксид годишно.

Портпаролот на Мишел, Барен Лејтс, ја оправда одлуката да лета за Египет со приватен авион бидејќи, според него, немало достапни комерцијални летови што би му овозможиле на Мишел навреме да се врати на работа во Европскиот парламент, пренесува Танјуг.

Loading...

Според него, изнајмувањето приватен авион е „единствената соодветна опција според околностите“.

Европската комисија претходно ја информираше „Политика“ дека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен патува со приватни летови „само во исклучителни околности“.

ЕК претходно го одби барањето на Политико да обезбеди детален увид во податоците поврзани со начинот на транспорт што Фон дер Лајен го користи кога патува во странство.