Шаренило од маски на традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“ (мегагалерија)

Сподели со своите пријатели

Традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“ по 13ти пат и оваа година се одржа во Куманово во организација на Секторот за култура и Фондација за култура и спорт при Општина Куманово.

Loading...

 

 

На дефилето имаше над илјада маски, а учество зедоа групни и поединчени маски од основните и средните училишта, како и најмалите од предучилишна возраст, но и неколку гостински маски од струмичкиот карневал.

На наше големо задоволство традицијата продолжува и кумановскиот маскенбал Батко Ѓорѓија 2017 се случува традидионално од 2002 година преку Коледарското здружение а потоа го презема општината под покровителство на градоначалникот Зоран Дамјановски, советниците, односно Советот на општина Куманово има огромна поддршка на радост на сите наши сограѓани пред се на најмладите од градинката Ангел Шајче и сами видовте навистина прекрасни маски и тоа ни дава голема инспирација и повод ова да прерасне во карневал кој би имал и поголемо и меѓународно значење. Што се однесува до учесниците традиционално учествуваат сите основни и средни училишта одзивот е голем со тоа што традиционално гостува од струмичкиот карневал заедничка маска од нивниот карневал од Струмица од средните училишта а пак во ревијалниот дел ќе настапат деца и од нашите три средни училишта Перо Наков, Гоце Делчев и Киро Бурназ тоа ќе биде како шлаг на сето ова што се случува, иако гледам дека индивидувални маски има многу интересни и групни, има жири комисија во состав од три члена која ќе ги награди на крај сите оние маски кои мислат дека се најдобри во повеќе категории би сакал и јас како претседател на фондацијата за култура и спорт и како организатори на овој настан да сето ова прерасне во голема манифестација, карневал кој ќе влезе и во меѓунаредониот фестивал програм – изјави Нино Величковски, раководител на Фондација за култура и спорт при Општина Куманово.

 

За манифестацијата беа издвоени околу 60.000 денари од општинскиот буџет.

 

Loading...

 

Најдобрите маски ќе ги оценува стручна комисија и победниците ќе бидат наградени.

Целосната мегагалерија од настанот можете да ја погледнете на линкот подолу.