Шарановиќ го засили ЖРК Куманово

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб Куманово се засили со Ана Шарановиќ, младинска репрезентативка на Црна Гора.

Деветнаесетгодишната Шарановиќ игра на сите бековски позиции и може да одговори и во нападот и во одбраната.

Доаѓа како засилување во пресрет на натпреварите од Челинџ купот кои на 10 и 11 ноември ќе се одиграат во Куманово против составот на Геониус од Холандија.

– Чест ми е што дојдов да ги бранам боите на овој клуб. Се надевам дека ќе допринесам да станеме прваци на оваа држава. Исто така би сакала да го пофалам стручниот штаб, тука имам доста простор за индивидуален напредок со одличен тренер и одлични соиграчи. Што се однесува до Челинџ Купот сметам дека со добра одбрана, добра желба, борбеност и жар, дека можеме да постигнеме доста добри успеси, изјави Шарановиќ.

Loading...

Шарановиќ доаѓа од школата на Будуќност и игра за младинската репрезентација на Црна Гора, а денес и официјално го стави потписот на договорот со ЖРК Куманово.

– Во овој момент таа е играч што навистина ни е потребен и се надеваме дека ќе биде вистинско освежување за нашата игра и планови. Знаете амбициите оваа година ни се да бидеме прваци на Република Македонија и ако сме во можност и да го освоиме Купот на Македонија. Таа доаѓа сега пред мнову важни натпревари, започнуваме и со натпреварите во Челинџ Купот, мислам дека јавноста е запознаена дека играме на 10ти и 11ти, два натпревари тука со холандската екипа Гениус од Галенм, изјави Бобан Пеовски, претседател на ЖРК Куманово.

По скоро месец дена преговори надминати се сите пречки и официјално Шарановиќ да биде дел од составот на Куманово, вели членот на Управниот одбор на клубот, Филип Додевски.

– Водевме преговори скоро месец дена и на крај сепак успеавме, малку задоцниве, сакавме да ни се приклучи уште на почетокот на сезонат,а меѓутоа не успеавме во тоа, има процедрура од една во друга држава, но сепак сме задоволни што успеавме ваков врвен ракометар да доведеме во нашиот клуб, изјави Додевски.

Сепак, како што посочија од клубот се уште има простор за нови засилувања. Се водат преговори со домашна ракометарка со цел да премине во Куманово пред натпреварот со холандскиот Геониус, а се планира и уште едно странско име во клубот.

– Во овој период, бидејќи нема веќе за натпреварот со Холандија, доколку доведуваме веќе од страна тоа би било на полусезона, да ни се приклучи по есенскиот дел, да оди со нас на зимски подготовки и да можат да бидат подготвени, бидејќи вториот дел сигурно ќе биде потежок, доколку успееме да го поминеме тимот од Холандија, ќе се бориме на три фронта, ќе имаме натпревари и во Куп на Македонија, па ќе биде густ распоредот, па мислам дека треба да се засилиме уште, додаде Пеовски.

Црногорката Шарановиќ ќе дебитира во сабота на натпреварот со ЖРК Деспина од Прилеп кој ќе се одигра со почеток во 16:30 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Leave a Reply