Властите во кинескиот град Шангај бараат од сите нивни 16 окрузи да спроведуваат масовно тестирање на Ковид-19 секој викенд до крајот на јули.
Градскиот функционер Зао Дандан денеска изјави дека сите окрузи ќе организираат „тестирање во заедницата“ секој викенд, пренесува Ројтерс.
Беше објаснето дека доколку округот открие било каков пренос на коронавирус во заедницата во текот на неделата, ќе биде неопходно да се спроведе „целосен тест“ при што ќе биде на сила ограничувањето на движењето за сите жители додека не се заврши целосната проверка.
Шангај и Пекинг во саботата издадоа нови предупредувања за Ковид-19, а делови од тие кинески градови повторно воведоа мерки за затворање и најавија масовни тестови за коронавирус за милиони жители.