Шахини негира дека неговата сопруга стои зад обидот за негово убиство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Лекарот и носител на листата кандидати за советници на ДУИ во Липково, Зекирија Шахини, кој пред неколку дена беше ранет во престрелка во центарот на Куманово, негира секаква поврзаност на нападот со неговата сопруга.

Претходно МВР ја приведе под сомнение дека била инволвирана во нападот, но според Шахини, тоа е невистина.

– Целосно го отфрлам како неоснована невистина тврдењата дека зад овој акт стои госпоѓата Аријета Адили, затоа барам од истражните органи итно да ја објаснат состојбата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а посебно имиџот на гпосѓата Аријета Адили, порача тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово утре против Струга

 

 

Како што вели лекарот Шахини, нема сознанија за мотивите за обидот за убиство, оти, вели, нема нерасчистени сметки со никого, ниту пак загрозил нечиј живот.

Случајот го смета за обид за негова лична и семејна дискредитација и бара органите да ги откријат, како што вели, вистинските сторители.

– Барам од истражните органи на редот, апелирам до нив, да се зафатат со откривање на вистинскиот осомничен на случајот, а не овој настан да го претставуваат како семејна расправија или недоразбирање, бидејќи доколку навистина ќе беше како што се претставува во јавноста, јас никако не би продолжил да живеам со мојата госпоѓа. Фала му на Бога, мојата госпоѓа заедно со моите ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчане, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Митевски најави дигитализација и нови алатки за транспарентност во Куманово (ВИДЕО)

Упати апел надлежните да го разрешат случајот, а политичките субјекти да не брзаат со изјави и да не го користат случајот за политички поени, со оглед на предизборната кампања.

Додава дека не се плаши за својата безбедност, оти вели „немам сторено лошо на никого“ и порача дека вечерва ќе се појави на митингот на ДУИ во Липково.

Инаку, пред три дена, МВР соопшти дека е приведена сопругата на Шахини, под сомнение за нејзина поврзаност со пукањето. Освен неа, осомничен за убство во обид е триесет и шестгодишен гостиварец, кој е во бегство.

Никола Ивановски