Севернокорејски генерал е ранет во украинскиот напад врз Курск

Сподели со своите пријатели

Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад „Сторм Шедоу“ врз областа Курск во Русија, објави „Волстрит џурнал“ (ВСЈ), повикувајќи се на неименуван западен функционер.

Loading...

Службеникот не ја прецизираше тежината на повредата.

Весникот наведува дека тоа е првпат западен функционер да потврди дека висок севернокорејски воен функционер бил повреден во војната меѓу Украина и Русија.

Украинските и западните официјални лица изјавија за новинарите дека украинските сили истрелале најмалку 10 британски проектили „Сторм шедоу“ во средата врз регионот Курск.

Подоцна се покажа дека ракетите го погодиле штабот во кој се наоѓале руските и севернокорејските генерали, пренесе Униан.

Американските власти тврдат дека повеќе од 10.000 севернокорејски војници се распоредени во регионот Курск.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и дозволи на Украина да ги користи американските ракети АТАКМС за да изврши напади врз цели длабоко во Русија.

Американските власти соопштија дека одлуката е донесена како одговор на одлуката на Москва да побара поддршка од севернокорејските војници.

Loading...