Севернокорејски државјанин е уапсен откако не успеал да се врати од Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Севернокорејски државјанин, кој пребегнал во Јужна Кореја, е приведен откако удрил во барикада на мост во близина на границата на двете земји додека возел украден автобус.

Loading...

Во неуспешниот обид да се врати во својата татковина, тој може да биде обвинет за кражба и кршење на законите за национална безбедност, велат истражителите.

30-годишен маж кој пребегнал во Јужна Кореја во 2011 година ги игнорирал предупредувањата на војниците да запре додека се обидувал да помине преку мост јужно од силно утврдената демилитаризирана зона меѓу двете Кореи во вторникот, соопшти јужнокорејската полиција, објави Гардијан.

Полицијата соопшти дека мажот се обидел да се врати во Јужна Кореја бидејќи живее во тешки економски услови како градежен работник и затоа што му недостасува семејството во Северна Кореја.

Премините од Северна кон Јужна Кореја се ретки, а дезертерите обично одат во спротивна насока.

Според Сеул, повеќе од 34.000 Севернокорејци пребегнале во Јужна Кореја од Корејската војна 1950-1953 година.

Според овие податоци, околу 30 Севернокорејци се вратиле во својата татковина од Јужна Кореја од 2012 до 2022 година, пренесува Танјуг.