Човек кој беше забележан како влегува во Северна Кореја преку границата на 1 јануари е веројатно Севернокорејец кој побегнал во Јужна Кореја во истата област во ноември 2020 година, потврди претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана.
Според локалните медиуми, мажот по бегството работел како чувар и се жалел на животот во Јужна Кореја поради економски проблеми, јави јапонската агенција Kyodo.
Јужнокорејската војска често е на удар на критики затоа што не успеала да спречи чести пребегнувања од северниот, комунистички дел, во Јужна Кореја.
Последното пребегнување се случи во саботата во рамките на Демилитаризираната зона (DMZ), која ги дели двете Кореи, во провинцијата Гангвон во Јужна Кореја.
На снимката од безбедносните камери во близина на границата се гледа како маж преминува ограда од бодликава жица на јужнокорејската страна, што стражарите не го забележале, изјави јужнокорејски функционер. Војската по околу три часа забележала дека некој е во ДМЗ, но не можеле да го фатат.
Според Кјодо, мажот бил идентификуван врз основа на снимките од камерата.
Според јужнокорејската агенција Јонхап, човекот кој влегол во Јужна Кореја преку ограда висока три метри, во подоцнежен разговор со разузнавачката служба изјавил дека има искуство во гимнастика.
Неименуван јужнокорејски функционер изјавил, според Јонхап, дека владата во Сеул му пружила соодветна помош на тој човек доживотно на југот.
Граничниот премин, кој се смета за нелегален во Јужна Кореја, доаѓа во време кога Северна Кореја спроведува строги мерки за борба против коронавирусот, иако сè уште нема потврдено никаква инфекција, објави Ројтерс.
Додека илјадници севернокорејски граѓани се преселиле во Јужна Кореја, премините преку DMZ се многу ретки, според Ројтерс.