Северниот ветер ќе донесе мал пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Засилениот ветер од северен, односно северозападен правец кој ќе достигнува и над 20 километри на час, ќе ни донесе и намалување на дневната температура. Времето ќе биде сончево со максимална дневна температура од 28 степени целзиусови.

Веќе од утре се очекува постепено покачување на температурата, а времето до крајот на работната недела ќе биде сончево и релативно стабилно.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...