Северна Кореја ѝ дала на Русија оружје вредно 9,8 милијарди долари. Добила 1,2 милијарди

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја ѝ испорачала на Русија оружје и воена помош во вредност од околу 9,8 милијарди долари како дел од договорот за поддршка на рускиот напад врз Украина, додека за возврат од Москва добила само 1,2 милијарди долари, според извештајот на Фондацијата за слобода „Фридрих Науман“.

Како што објави „Јонхап“, извештајот укажува на знаци на „нееднакво партнерство“ меѓу двете земји, дури и кога тие ја интензивирале својата воена соработка.

Се вели дека Северна Кореја обезбедила оружје, муниција и воена помош, вклучувајќи војници, во вредност од повеќе од една третина од нејзиното годишно економско производство, додека руската компензација вклучувала главно помош во храна, нафта и неколку системи за воздушна одбрана, GPS блокирачи и евентуално борбени авиони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким на тестирање на борбени дронови, повика на развој на вештачка интелигенција (ФОТО)

Во извештајот се вели дека „компензацијата“ што Русија ѝ ја дала на Северна Кореја е ограничена и вклучува помош претежно поврзана со основни ресурси, а не со напредна воена технологија, како што некои очекуваа, објавува „Танјуг“.

Исто така, во извештајот се наведува дека нема докази што ја поткрепуваат тезата за технолошка модернизација на севернокорејските вооружени сили со помош на Русија.

Вредноста на воената помош меѓу Русија и Северна Кореја во овој извештај е проценета на околу половина од она што претходно го пресмета Корејскиот одбранбен институт (KIDA), кој тврдеше дека руската помош би можела да достигне и до 20 милијарди долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Белорусија ги отвора вратите за Америка додека вежба со Путин?

Без оглед на разликите во вредностите, извештајот укажува на потенцијалната одржливост на соработката меѓу Пјонгјанг и Москва дури и по завршувањето на војната во Украина.