Северна Кореја започна да го користи шпионскиот сателит: Ким гледал снимки од американски бази

Сподели со своите пријатели

Воениот шпионски сателит лансиран во орбитата од Северна Кореја ги сними, како што тврди Пјонгјанг, американската воздухопловна база и пристаништето Апра на островот Гуам во западниот Пацифик, а снимката била прегледана од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, објавија севернокорејските државни медиуми.

Loading...

Ким рече дека има потреба од лансирање повеќе сателити за извидување за да се подобри способноста на Пјонгјанг да се брани и да ја зголеми ефикасноста на средствата за воени удари.

Новинската агенција KCNA објави дека севернокорејскиот лидер ги прегледал сликите испратени од сателитот за време на посетата на сателитски контролен центар на Националната аеронаутичка и вселенска администрација, објави Јонхап.

 

 

КЦНА соопшти дека сателитот официјално ќе започне со работа на 1 декември.

Јужнокорејскиот премиер Хан Деок-су денеска изјави дека Сеул делумно ќе го суспендира воениот договор потпишан со Северна Кореја во 2018 година.

Loading...

Соопштението доаѓа откако Пјонгјанг објави дека во вторникот успешно лансирал воен сателит.

Ким го надгледувал лансирањето, според КЦНА, и истакнува дека Пјонгјанг во иднина ќе лансира повеќе сателити, пренесува Ројтерс.

Тоа е прво лансирање на сателит откако севернокорејскиот лидер го посети најсовремениот центар за лансирање на вселената во Русија во септември, кога рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе му помогне на Пјонгјанг да го изгради сателитот, пренесува Танјуг.