Северна Кореја за прв пат призна дека испратила војници во Украина

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја за прв пат потврди дека испратила сили во Русија, објави денес агенцијата KCNA, наведувајќи дека нејзините војници ѝ помогнале на Москва да ги врати областите од рускиот Курски регион кои со месеци беа под украинска контрола.

Loading...

КЦНА изјави дека „подединици на севернокорејските вооружени сили учествувале во операциите за ослободување на окупираните области на Курск“ и додаде дека воените напори на тие војници „завршиле победоносно“.

„Оние кои се бореа за правда се сите херои и претставници на честа на татковината“, рече севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Тој додаде дека наскоро во Пјонгјанг ќе биде подигнат споменик во чест на „подвизи од битката“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин им честиташе на командантите за ослободувањето на Курск

Украина, Јужна Кореја и западните земји веќе неколку месеци го осудуваат учеството на неколку илјади севернокорејски војници во борбите, додека Москва и Пјонгјанг отсекогаш одбиваа да го признаат тоа.

Русија и Северна Кореја потпишаа договор за заедничко стратешко партнерство во јуни 2024 година, кој предвидува „заемна“ воена помош во случај на напад врз која било од двете земји.

Првата потврда од Северна Кореја за распоредување војници во Русија доаѓа откако Москва во саботата објави дека целосно ја вратила контролата врз својот пограничен регион Курск, тврдење што Киев го нарече „лажно и пропагандно“.