Северна Кореја оцени денеска, по повод импичментот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, дека во Јужна Кореја владее „политичка парализа и социјален хаос“.
„Во марионетската Јужна Кореја, по претседателот е издаден налог за апсење, што ги парализира државните работи и дополнително го продлабочи општествениот и политичкиот хаос“, соопшти корејската новинска агенција КЦНА.
Ова е првпат Северна Кореја да ја објави моменталната ситуација во Јужна Кореја, поточно импичмент на претседателот, посочува Јонхап.
Јун се соочува со истрага за обид за прогласување воена состојба на 3 декември, а истражителите денеска повторно безуспешно се обидоа да го уапсат отповикуваниот претседател.
Една недела подоцна, Собранието изгласа импичмент, а Уставниот суд ќе одлучи дали ќе ја потврди суспензијата на претседателот или ќе го врати на функцијата.