Северна Кореја тестираше тактичка балистичка ракета: За што е способна?

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја тестираше нова тактичка балистичка ракета, објави денеска официјалната севернокорејска новинска агенција KCNA.

Loading...

Пјонгјанг ја лансираше ракетата Hwasong-11Da-4.5, способна да носи голема боева глава тешка 4,5 тони, според КЦНА.

„Пробното пукање беше извршено со проектил опремен со симулирана тешка боева глава за проверка на стабилноста на летот и точноста на гаѓањето на максимален домет од 500 километри и минимален дострел од 90 километри“, соопшти агенцијата.

Како што се додава, подоцна овој месец се очекува ново тестирање на карактеристиките на летот, точноста на ударот и моќноста на експлозијата на просечна оддалеченост од 250 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро 90 мигранти загинаа, 72 се исчезнати во близина на брегот на Мавританија

Сепак, Сеул објави дека севернокорејската војска истрелала две балистички ракети со краток дострел и дека еден од двата теста не успеал по можна експлозија во воздух над Северна Кореја.