Северна Кореја ја тестираше интерконтиненталната балистичка ракета со долг дострел (ICBM) за прв пат од 2017 година, соопшти Јужна Кореја.
Ракетата, која падна во водите јужно од Јапонија, летала повеќе од еден час и достигнала височина од повеќе од 6.000 километри (3.700 милји).
Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови
Јапонските власти процениле дека има домет од 1.100 километри – што значело дека теоретски може да стигне до САД, пренесува Би-Би-Си.
Северна Кореја започна серија тестови во последниве недели, вклучително и некои за кои САД и Јужна Кореја рекоа дека се тест систем за ICBM.
Во 2017 година, Пјонгјанг воведе мораториум за тестирање на балистички ракети со долг дострел и нуклеарни тестови, по разговорите со тогашниот американски претседател Доналд Трамп.
Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови
Но, во 2020 година, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун објави дека повеќе не е обврзан со ова ветување.
ОН и забранија на Северна Кореја да тестира балистичко и нуклеарно оружје и воведоа остри санкции по претходните тестови.
Се сомнева дека Северна Кореја лансирала ракета на 16 март, која очигледно експлодирала над Пјонгјанг веднаш по полетувањето, соопшти тогаш јужнокорејската армија.