Северна Кореја одржа воена парада: Ќе го забрза развојот на атомско оружје (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Пјонгјанг ќе го забрза развојот на своето нуклеарно оружје, кое мора да биде подготвено во секое време, изјави севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на воената парада на која беа прикажани нови интерконтинентални балистички ракети, пренесе денеска државната новинска агенција КЦНА.

 

 

Парадата се одржа во понеделникот, за време на прославата на годишнината од основањето на севернокорејските вооружени сили, објави Ројтерс.

 

 

„Нуклеарните сили на нашата Република мора да бидат подготвени да ја извршат својата одговорна мисија и одвраќање во секое време“, нагласи Ким во своето обраќање, пренесе КЦНА.

 

 

Тој додаде дека основната мисија на севернокорејските нуклеарни сили е да ја одвратат војната, но дека тоа не мора да биде единствената употреба доколку другите земји, како што наведе, наметнат непожелни околности.

 

 

На парадата беше претставена и најголемата интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17, која за прв пат беше лансирана минатиот месец.