Северна Кореја најверојатно ќе лансира шпионски сателит

Сподели со своите пријатели

Се чини дека Северна Кореја ја обезбеди способноста да управува со интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на брифинг на шпионската агенција.

Loading...

Тие додаваат дека Северна Кореја најверојатно ќе лансира шпионски сателит во согласност со нејзините претходни предупредувања.

Често тестирање

Да потсетиме дека пред неколку дена, Северна Кореја повторно истрела балистички ракети во морето во близина на брегот на Јапонија, што ги ескалира тензиите во Пацификот, поттикнати од наизменични севернокорејски тестирања на оружје и воени вежби на Јужна Кореја и нејзините сојузници.

Пјонгјанг често тестира оружје, особено интерконтинентални балистички ракети, и покрај санкциите од меѓународната заедница, а новата влада во Сеул одговара со поинтензивни заеднички воени вежби со нејзиниот главен сојузник САД.

По најавата за нови вежби, Северна Кореја во петокот истрела интерконтинентална балистичка ракета во морето кај западниот брег на Јапонија.

Јужна Кореја и САД одговорија во неделата со заедничка вежба на воздухопловните сили, а САД организираа и заеднички воени вежби со Јапонија.

По воените вежби во неделата, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Јо-Јонг, предупреди дека не треба да се зголемува присуството на американските стратешки воени капацитети на Корејскиот полуостров.

„Од Америка зависи колку често ќе го користиме Пацификот како полигон за обука“

„Внимателно го проучуваме влијанието (на тие способности) врз безбедноста на нашата земја“, рече Ким Јо-јонг во изјавата.

Loading...

„Колку често ќе го користиме Пацификот како полигон за обука ќе зависи од природата на потезите на американските сили“, додаде таа.

Пјонгјанг денеска истрела две балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска.

Севернокорејските медиуми потврдија дека два проектили биле истрелани од повеќецевни ракетни фрлачи на цели оддалечени 395, односно 337 километри.

„Ракетниот фрлач со повеќе цевки од 600 милиметри, мобилизиран за пукање… служи како платформа за тактичко нуклеарно оружје и може да ја „парализира“ воздушната патека на непријателот“, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.