Северна Кореја на воена парада го прикажа новото најмоќно оружје во светот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја одржа воена парада на која Пјонгјанг претстави нов вид балистичка ракета која се лансира од подморница, како и нова ракета со краток дострел.

Loading...

 

 

На парадата присуствуваше и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, а државните медиуми објавија дека е прикажано најмоќното оружје на светот.

Воената парада се одржа во четвртокот вечерта по локално време, на која се славеше крајот на Осмиот конгрес на владејачката Работничка партија, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

 

Loading...

 

Ким, кој е назначен за генерален секретар на партискиот конгрес, вети дека ќе го зголеми нуклеарниот арсенал во земјата.

За овој настан се огласи и Сеул, изјавувајќи дека Генералштабот на Јужна Кореја го анализира оружјето што беше прикажано на парадата во центарот на Пјонгјанг, наведува агенцијата Јонхап.

 

 

Претходната воена парада во Северна Кореја се одржа во октомври минатата година, по повод 75-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија, на која беа прикажани разни оружја, вклучително и интерконтинентални балистички ракети.

Во тоа време беше претставена ракетата „Пуккуксон-4“, па се претпоставува дека новата беше наречена „Пукјуксон-5“.

Loading...

 

Leave a Reply