Северна Кореја лансираше сателит, Сеул вели дека е за шпионирање (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја вечерва објави дека успеала да постави „разузнавачки сателит“ во орбитата на Земјата, објави нејзината новинска агенција КЦНА.

Loading...

 

 

Тоа го потврди и јужнокорејската војска, велејќи дека Пјонгјанг лансирал „воен шпионски сателит“.

 

 

Loading...

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го осуди потегот на Северна Кореја, бидејќи „иако тие ја нарекуваат сателит, лансирањето нешто што користи технологија за балистички ракети е јасно кршење на резолуциите на ОН“.

 

 

Лансирањето беше осудено и од САД – затоа што се користеше технологија на балистички проектили.

 

 

Loading...

„Тоа лансирање е флагрантно кршење на неколку резолуции на Советот на ОН и со тоа ја зголемува тензијата со ризик од дестабилизација во регионот и пошироко“, објави Белата куќа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се обидува ли САД да го спречи човекот кој го организираше нападот на Кулите близначки да признае сè?