Северна Кореја лансираше ракети што прелетаа околу 400 километри: САД ја следат состојбата!

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја рано утринава лансираше ракети од Саривон, јужно од главниот град Пјонгјанг, кои прелетаа околу 400 километри, соопшти јужнокорејската војска.

Loading...

Американската војска соопшти дека САД се консултирале со Јужна Кореја, Јапонија и други регионални сојузници откако Северна Кореја извршила повеќекратно лансирање балистички ракети.

Американската индо-пацифичка команда рече дека лансирањето не претставува непосредна закана за персоналот или територијата на САД, ниту за сојузниците.

Нагласено е дека САД и нивните сојузници продолжуваат да ја следат ситуацијата.

Северна Кореја претходно во средата вечерта лансираше балистичка ракета кон морето од нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска.