Северна Кореја лансираше нов проектил, овој пат безуспешно

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја денеска истрела „неидентификувана ракета“, која експлодирала во воздух веднаш по навидум неуспешното лансирање, соопшти јужнокорејската војска.

Соопштението дојде откако јапонските медиуми објавија информации за сомнително лансирање на севернокорејска ракета, пренесува Ројтерс.

 

Најмалку 500 луѓе загинаа во Харков, тврдат украинските служби

 

– Се сомнева дека проектилот бил испукан од аеродром надвор од Пјонгјанг – соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Неименуван извор од јапонското Министерство за одбрана го окарактеризирал овој проектил како потенцијална балистичка ракета, јави јапонската телевизија NHK.

Од овој аеродром неодамна беа извршени неколку лансирања, а САД и Јужна Кореја тврдат дека во два случаи биле извршени тестирања на новиот интерконтинентален балистички ракетен систем (ИЦБМ).

 

Киев утрово беше гранатиран, се урна зграда од 12 ката

 

Северна Кореја истрела голем број проектили досега оваа година, спроведувајќи го деветтиот тест на оружје на 5 март, што предизвика осуда од САД, Јужна Кореја и Јапонија.