Севернокорејските државни медиуми денеска првпат објавија за случувањата во Јужна Кореја во врска со прогласувањето на воена состојба и го обвинија јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол за предизвикување хаос низ земјата.
„Шокантниот инцидент на марионетскиот режим на Јун Сук Јеол, кој одеднаш прогласи вонредна состојба и без двоумење мавташе со пушките и ножевите на неговата фашистичка диктатура, предизвикувајќи хаос низ Јужна Кореја“, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА, пренесе Јонхап.
Истиот коментар беше објавен во весникот Родонг Синмун, со повеќе од 20 фотографии од масовни собири во Јужна Кореја одржани пред Националното собрание, наведува јужнокорејската агенција, со оценка дека во текстот не е наведено дека пратениците и народот се спротивставиле на воведувањето на воена состојба.
Во текстот се наведува дека после тоа е одржана голема граѓанска средба на која граѓаните побарале оставка од Јун.
„Извонредниот инцидент ја разоткри ранливоста на јужнокорејското општество и политичкиот живот на Јун Сук Јеол може да се соочи со предвремен крај“, соопшти KCNA.