Северна Кореја ја обвинува Америка за војната во Украина

Сподели со своите пријатели

САД се „вистинската причина за украинската криза“, објави Северна Кореја во првата официјална реакција по руската инвазија на Украина, пренесе Н1 Хрватска, повикувајќи се на агенцијата Хина.

Вашингтон спроведува политика на „воена надмоќ, игнорирајќи го легитимното барање на Русија за нејзината безбедност“, се вели во пораката објавена на веб-страницата на севернокорејското Министерство за надворешни работи во саботата, потпишана од Ри Џи Сонг од Истражувачкиот институт за меѓународна политика.

„Вистинската причина за украинската криза е во авторитаризмот и самоволието на САД“, се додава во пораката.

Ри ги обвинува Соединетите Држави дека имаат „други стандарди“ за остатокот од светот и ги обвинува дека се мешаат во внатрешните работи на други земји во име на „мирот и стабилноста“ и без добра причина ги осудува мерките за самоодбрана на тие земји да си ја обезбедат сопствената безбедност“.

„Помина времето кога САД владееја како господар“, се вели во пораката.

Пораката објавена на веб-страницата на Министерството за работи на Северна Кореја е „тивка“ официјална реакција на Пјонгјанг, објавена под негово лично име, изјави Парк Вонг-гон, професор по севернокорејски студии на Универзитетот Јевхи во Сеул.

„Заклучокот е: САД се виновни за се“, изјави тој за Франс прес.

Заедно со Кина, Русија е еден од ретките сојузници на Северна Кореја.

Москва долго време се спротивставува на притисокот врз Пјонгјанг во врска со нејзината воена програма и дури повика на ублажување на меѓународните санкции.